Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на Support Kocani

6 мај 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на неформалната група на млади „Support Kocani“.

Навраќајќи се на страотниот пожар на 16 март, тие манифестираа решеност заедно да направат сé што можат за да им помогнат на семејствата на починатитите, на повредените и нивните блиски, но и на градот Кочани за да се надминат тешките проблеми и да се тргне напред!

Младите од Кочани презентираа бројни идеи, планови и проекти за враќање на животот во нивниот роден град и запирање на иселувањето како: отворање дисперзирани студии по информатика, екипирање и опремување на противпожарната служба, реновирање на болницата и кадровско дополнување, отворање на младински центар, во којшто, покрај индивидуални и групни терапии во функција на психолошка подршка, би се организирале бројни работилници на важни теми за младите и многу други. Веруваат дека младите преку дружење и заеднички активности побрзо и полесно ќе ја надминат траумата од катастрофалната трагедија.

„Мора заедно да се избориме и да ја пребродиме оваа колективна и национална загуба, а верувам дека закрепнувањето ќе биде полесно ако сме заедно, оти нема човек што не е засегнат од трагедијата“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа изрази поддршка за досегашните активности на Support Kocani, како и подготвеност за покровителство и соучество во проекти, мерки и акции од значење за градот. Исто така, го потврди ветувањето за доделување одликувања и признанија на најзаслужните и најпосветените во кочанската нерамноправна битка меѓу животот и смртта, како непресушен извор и инспирација на храброст и хуманизам.

Кочани не смее да остане симбол на смрт и болка, туку тагата треба да ја трансформираме во херојска борба за ново Кочани, смета таа.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“. Таа им се...

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на организацијата. Таа упати честитки по повод значајниот јубилеј до вработените, соработниците и...

Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората

Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вечерва се обрати на приемот во пресрет на дводневниот, традиционален Самит на Македонија 2025 и ги врачи признанијата за придонес на припадниците на дијаспората. Признанието во соработка со Македонија 2025, се доделува на...

Порака од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 9 Мај

Порака од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 9 Мај

9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Македонскиот народ застана на правата страна: антифашистичката. Илјадници македонски партизани, млади и стари, мажи и жени, селани, работници и интелектуалци станаа дел од...

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме. [gallery...