Порака од претседателот Стево Пендаровски по повод Светскиот ден на хемофилија

17 април 2022 | Соопштенија

По повод Светскиот ден на хемофилија – 17 април, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

Позитивни промени единствено се можни кога постои висока јавна свест и институционална поддршка.

Според Светската федерација за хемофилија,  1 од 1000 луѓе во светот има нарушување на коагулцијата на крвта. Во Република Северна Македонија повеќе од 320 лица живеат со хемофилија А и Б.

Потребни се заеднички напори за да овозможиме сите да имаат правичен пристап и соодветен третман на оваа непредвидлива наследна болест.

Во знак на поддршка на лицата со хемофилија и нивните семејства, а со цел подобрување на нивниот статус, го осветливме Кабинетот во црвена боја, со што се приклучуваме на светската кампања за подигнување на јавната свеста за хемофилија.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP)

Посета на учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP)

Во посета на Кабинетот на претседателот денеска беа учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP) која се имплементира од Младинскиот отворен форум од нашата земја во соработка со Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) од...

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за можноста за унапредување на соработката во сите...

Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети општина Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“. Во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци, претседателот Пендаровски проследи настап на училишниот оркестар што го освои првото место на...

Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

Претседателот Пендаровски денеска го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје, со седиште во општина Чаир, како и Центарот за рехабилитација СОС Вита Медика. На средбата со Ертан Шакири,...

Посета на ученици од општина Шуто Оризари во рамки на активноста Отворен кабинет

Посета на ученици од општина Шуто Оризари во рамки на активноста Отворен кабинет

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од СУГС „Шаип Јусуф“ и ООУ „Браќа Рамиз Хамид“ од скопската општина Шуто Оризари. Посетителите имаа...