Проштална средба со амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон

23 август 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска на проштална средба ја прими шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон.

На средбата се потврдија одличните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Шведска, при што беше оценето дека тие се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање, а се посветени на натамошно динамизирање на политичкиот дијалог, како и интензивирање на економската соработка.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираната развојна соработка и шведска поддршка за зајакнување на капацитетите на институциите на Северна Македонија, особено во областа на демократијата, владеењето на правото и заштитата на животната средина. На средбата се потврди дека Шведска како и досега ќе ја поддржува силно европската интеграција на Северна Македонија.

Претседателот изрази благодарност за дипломатскиот ангажман на амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтсон и нејзиниот придонес за унапредување на македонско-шведските односи и и посака понатамошен успех на личен и на професионален план.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...