Претседателот Стево Пендаровски „Лице в лице“ со тимот на Теохаров Аудио

15 февруари 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска се сретна со Веселин Теохаров, еден од основачите на реномираната македонска компанија Теохаров Аудио.

Осврнувајќи се на своите почетоци, Веселин презентираше дел од уникатните компоненти и производи, со кои Теохаров Аудио повеќе од две децении е докажан бренд во производството на High End аудио опрема од висока класа. Тој истакна дека Теохаров Аудио е создавач на првата врвна хајфај македонска опрема, која е спој на наука, музика и уметност наменета за вистинските познавачи на квалитетниот звук.

Веселин го запозна претседателот и со концептот на нивниот салон Аудиокултура кој, освен комерцијалната, изложбена цел на нивни и на светски реномирани аудио брендови, претставува и урбано катче каде соединува музиката. Освен социјалната компонента, посетителите на Аудиокултура имаат можност, во префинето акустично опкружување, во потполност да го доживеат врвниот звук.

За време на посетата на Аудиокултура, претседателот Пендаровски ја разгледа и лабораторијата за истражување и развој, каде се преслушуваат различни аудио компоненти за споредба и за субјективно тестирање на нивните карактеристики.

Досега под брендот Теохаров се произведени над 100-тина модели на звучници, засилувачи и дистрибутери на сигнал, како и custom made аудио системи, за повеќе од 50 клиенти кај нас и во регионот. Покрај стандардните линии, асортиманот на Теохаров е збогатен со уште едно, исклучително значајно дело, системот Legendary. Тој е плод на соработката и пријателството со Влатко Стефановски. Производот е конструиран според врвните инженерски преференци на Теохаров и префинетиот музички сензибилитет на Влатко Стефановски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...