Претседателот Пендаровски во посета на опожарената модуларна болница во Тетово

9 септември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Тетово ја посети опожарената модуларна болница наменета за лекување на Ковид-19 пациенти, каде во синоќешниот пожар загинаа 14 лица.

Претседателот Пендаровски беше информиран за првичните сознанија поврзани со трагичниот настан.

„Дојдов да изразам солидарност со граѓаните на Тетово и најмногу со оние кои ги изгубија своите најблиски и да поразговарам на лице место со надлежните. Надлежниот јавен обвинител ме информираше дека за еден до два часа и формално ќе го завршат увидот, кој трае веќе втор ден и во најбрз можен рок ќе излезат со нивниот извештај. Процедурата е: тие даваат наредби до другите надлежни институции, од обдукција до Министерството за внатрешни работи. Обвинителот ми рече дека ќе им даде многу кратки рокови, веројатно пет дена за секоја институција да одговори од својата надлежност. По нивното добивање на тие одделни извештаи, ќе излезе тој со свој збирен извештај, во кој ќе се види прво што е причината за пожарот, и второ дали зад тоа евентуално има некаква човечка грешка“, рече претседателот Пендаровски.

„Во оваа фаза, претпоставувам знаете за последната одлука на Владата на Република Северна Македонија да прогласи тридневна жалост на територијата на целата земја и да повика и странска експертиза да помогне за вакви специфични настани и специфични пожари. Од сето она што го чув и од одговорниот во противпожарната екипа, за само неколку минути изгорел целиот објект, што е само по себе основа за анализа. Меѓутоа, тоа е работа на надлежните институции. Ние имаме доволно стручни кадри во сите овие институции кои се инволвирани во оваа, да ја наречам, повеќеслојна истрага. Јас не се сомневам дека за кратко време ќе ја знаеме вистинската причина“, рече претседателот Пендаровски.

„Она што сакам јавно да го кажам – до овој момент, бидејќи имаше и такви шпекулации, јас ова утро разговарав на пример со претседателот на Словенија, Пахор, кој ме праша истото, има различни шпекулации дека е можеби подметнато, дека има врска со 30 години независност, дека има некакви конспирации за тоа – до овој момент нема никаков индикатор дека ова е направено намерно, со цел да се постигне некаква друга, политичка цел. Меѓутоа велам, тоа е во овој момент, и се разбира тоа ќе ви го каже денеска или наредните денови надлежниот јавен обвинител“, изјави претседателот Пендаровски.

На новинарско прашање дали ќе побара оставка од некого, претседателот Пендаровски истакна дека секогаш инсистира на одговорност, политичка или морална, и изјави дека мора да се почекаат наодите на истрагата. Расветлувањето на ваквите случаи, според претседателот Пендаровски се тест преку кој треба да потврдиме дали навистина ја заслужуваме независноста на државата.

Претседателот Пендаровски пред модуларната болница во Тетово за трагичниот настан разговараше со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, со потполковник Изеир Ејупи, командант на третиот пешадиски баталјон, со директорот на болницата, Флорим Бесими и со командирот на противпожарна единица, Ука Алити, при што беше лично информиран за синоќешните случувања.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на новинари на Македонија, како и претставници на неколку меѓународни новинарски и медиумски организации. На средбата се разговараше за прашања поврзани со слободата на изразување и независноста...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ангола во Република Северна Македонија со седиште во Будимпешта, Жозе Филипе. На церемонијата на предавање на...

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...