Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Тајланд, Апират Сугондхабиром

30 мај 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Апират Сугондхабиром, новоименуван амбасадор на Кралството Тајланд во Република Северна Македонија, со седиште во Анкара.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски, посакувајќи му добредојде во нашата држава на амбасадорот Сугондхабиром, нагласи дека и покрај географската оддалеченост Република Северна Македонија е подготвена за натамошно унапредување на односите и соработката со Кралството Тајланд, во сите области од заемен интерес.

„Длабоко сум уверен дека пред нашите две земји, со богато културно и историско наследство, постои огромен неискористен потенцијал за сеопфатна и плодна соработка, особено на економски план, а исто така и во сферата на туризмот, културата, образованието, но и во други сфери“, рече претседателот Пендаровски и изрази уверување дека ќе продолжат сите неопходни активности и иницијативи за унапредување на билатералниот политички дијалог.

Новоименуваниот тајландски амбасадор Апират Сугондхабиром во своето обраќање рече дека Кралството Тајланд и Република Северна Македонија уживаат срдечни односи уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 2005 година и ја изрази својата волја за дополнително јакнење на врските меѓу владиниот, парламентарниот и бизнис секторот.

„Мојата земја ми ја довери должноста да ги испитам начините и средствата за промовирање на двонасочната трговија и инвестиции, како и да ги охрабрам приватните сектори од двете страни да ги зајакнат меѓусебните деловни контакти и да ги промовираат севкупните можности за градење на подобри партнерства, што би довело до раст на потенцијалот на трговско-економските врски меѓу нашите две земји“, рече амбасадорот Сугондхабиром.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Сугондхабиром му посака успешно извршување на функцијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а по иницијатива на сопругата на Претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбеди финансиски средства кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство за...

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...