Средба на претседателот Пендаровски со Бранко Азески, претставници од Стопанската комора на Северна Македонија и Асоцијацијата ТИМ-40

14 јули 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот на комората Бранко Азески и претставници од Асоцијацијата во Стопанската комора на Северна Македонија ТИМ-40.

На средбата се разговараше за актуелните општествено – политички случувања во земјава и нивните влијанија врз економскиот амбиент, како и за заштита на интересите на бизнис заедницата.

Претседателот Пендаровски на средбата беше информиран за иницијативата за потпишување на Декларација за економски реформи, политики и мерки, којашто е поттикната од бавниот реален раст на македонската економија, кој од периодот од 1993 – та до 2021 – та година просечно годишно изнесува само 1,7 %.

Според претставниците на Комората постојат пет приоритетни области во нашата држава, потенцирајќи дека за создавање на стабилен и предвидлив економски амбиент неопходно е решавање на сивата економија, корупцијата, гасификацијата, решавањето на проблемите со извозните компании, издавањето на дозволите за градба и регулирање на статусот на интернет порталите.

Претседателот Пендаровски ја поддржа иницијативата и ги поздрави напорите на бизнис заедницата со цел поттикнување на нови инвестиции, нови работни места и долгорочен одржлив економски раст и развој на земјата.

Во разговорите беше констатирано дека за унапредување на севкупните економски односи на државата потребно е решавање на сите отворени прашања преку дијалог и меѓусебна соработка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје. [gallery...