Средба на претседателот Пендаровски со министерот за правда Тупанчески

9 март 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за правда, Никола Тупанчески.

На средбата се разговараше за тековните реформи во сферата на функционирањето на правната држава, вклучувајќи ги судските реформи, борбата против корупцијата, а во согласност со дефинираните стратешки приоритети во рамките на евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

Министерот Тупанчески ги претстави приоритетите во неговата работа по стапувањето на функцијата.

Претседателот Пендаровски истакна дека функционална правна држава е еден од главните услови за одржлив развој и посочи дека реформите во сферата на владеењето на правото и правната држава не треба да ги правиме единствено за да ги задоволиме формалните критериуми за членство во ЕУ, туку и заради довербата на граѓаните во сопствената држава и нејзините институции.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...