Прием на медиумски работници од областа на спортот по повод почетокот на „Турнир во мал фудбал на медиуми“

7 октомври 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими медиумски работници од областа на спортот по повод почетокот на традиционалната спортско-забавна манифестација „Турнир во мал фудбал на медиуми“, што по 30. јубилеен пат ја организира „Спортско радио 90.3 ФМ“.

Претседателот Пендаровски упати честитки до организаторите, посочувајќи дека ваквите настани придонесуваат за развојот на спортските активности и пред сè на спортската култура во нашата земја.

Претседателот Пендаровски истакна дека за почит е фактот што покрај спортско-забавната димензија, овој настан годинава има и хуманитарен карактер, со што, како што посочи претседателот, уште еднаш се потврдува дека спортот е фактор кој придонесува не само за обединување, туку и за постигнување на многу други позитивни вредности кои се неопходни во нашето општество.

Фактот дека годинава на турнирот учествуваат медиумски работници и од поширокиот регион, посочи претседателот Пендаровски, е доказ дека спортот има моќ да ги поврзува и луѓето, и нациите.

Тој додаде дека како претседател, во рамки на своите ингеренции, максимално ги вреднува успесите на нашите спортисти, и се гордее со сите спортски достигнувања на нашата држава, изразувајќи уверување дека тие моменти на спортска радост и возбуда новинарите, снимателите, фоторепортерите како непосредни сведоци на натпреварите ги доживуваат уште посилно. Затоа, според претседателот, особено радува фактот што по пауза од две години поради пандемијата на КОВИД-19, публиката повторно ќе има можност од трибините да го следи турнирот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...