Проштална средба на претседателот Пендаровски со британската амбасадорка Галовеј

13 јуни 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски одржа проштална средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, како и за актуелните состојби во поширокиот регион.

Претседателот Пендаровски на средбата истакна дека Северна Македонија дава особено значење на развојот на билатералните односи со Обединетото Кралство, вклучително и на соработката во НАТО. На средбата беше констатирано дека во изминатите 4 години односите меѓу двете држави продолжија да јакнат. Претседателот Пендаровски истакна дека со членството во НАТО станавме и сојузници кои заеднички се спротивставуваат на глобалните предизвици.

Претседателот Пендаровски посочи дека нашата држава особено ја цени поддршката на Обединетото Кралство во исполнувањето на стратешките аспирации на земјата и се заблагодари за континуираната поддршка од нашата независност до денес.

На средбата беа разменети мислења и информации за актуелната состојба во однос на руската инвазија врз Украина и севкупните последици за европскиот континент.Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека исклучително важно е во наредниот период Обединетото Кралство да продолжи да ги развива односите со земјите од Западен Балкан. Претседателот Пендаровски посочи дека Северна Македонија, во рамки на своите можности, ќе продолжи да дава поддршка за Украина.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за дипломатскиот ангажман на амбасадорката Галовеј и придонесот во развојот на македонско-британските односи и ѝ посака натамошен успех на личен и на професинален план.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид. Пред учесниците на годинешната Школа за политики, претседателот Пендаровски...

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...