Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

23 март 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, за време на пандемијата од Ковид-19, паричната казна или казната затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда.

Согласно овој закон, лицата чија парична казна изнесува над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор ќе добијат условна осуда од две години, рок во кој не смеат да сторат ново кривично дело.

По три, односно две години условна осуда ќе добијат и лицата што отплатиле дел од паричната казна над 1.000 и до 1.000 евра, со што се ослободуваат од плаќањето на останатиот дел од паричната казна, доколку не сторат ново кривично дело.

Во периодот од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година се осудени 1.223 лица на парична казна од по 123.000 денари. Согласно законските прописи доколку во рок од 2 години изречените парични казни не се намират, судијата за извршување на санкции со решение ги заменува со казна затвор. Заради неплаќање на паричната казна Основниот кривичен суд има донесено заменски решенија со кои спрема 280 лица паричната казна е заменета со казна затвор. По истите овие решенија издадени се 205 упатни акти за издржување на казна затвор.

Потребата од  уредување на оваа состојба е наметната од големиот број на вакви предмети во Основниот кривичен суд Скопје. За да се надмине ова состојба за оваа категорија на осудени за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик,  парична казна, или заменета на парична казна со казна затвор, согласно одредбите од овој закон ќе се замени алтернативна мерка условна осуда.

Со законот не се предвидува амнестија за правни лица и одговорните лица во правни лица осудени со правосилна пресуда на парична казна, за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик.

Амнестијата постои и се применува во многу европски држави, а во нашата држава од моментот на нејзиното осамостојување донесени се повеќе закони за амнестија.

Преку амнестијата се овозможува на брз и ефикасен начин во одредени случаи да се исправат судските грешки. Корекцијата на судската одлука можат да ја налагаат и други државно-правни и општествено-политички причини, а не е реткост во една поинаква општествено-економска констелација,  довчерашното општествено опасно дејствие да ги изгуби најсуштествените карактеристики и преку амнестијата најбрзо да се поништи осудата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...