Претседателот Пендаровски се обрати на онлајн самитот на Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина

9 мај 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на онлајн самитот на лидери и шефови на влади на земјите-членки на Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитуван претседател на Украина,
Почитувани шефови на држави и премиери на земјите-членки на групата,
Ваши екселенции,
Дами и господа,

Дозволете ми, на почетокот, да изразам благодарност до мојот колега, претседателот на Украина, г. Зеленски, за упатената покана да учествувам на овој Самит.
Денеска се одбележува 78-мата годишнина од крајот на катастрофалната Втора светска војна. Повоениот период создаде услови за длабока трансформација на светот во меѓународен правен поредок со либерални вредности и ефективни меѓународни институции. Сите генерации на повоени европски политичари беа уверени дека нашиот континент никогаш повеќе не треба да биде сведок на ваква страшна трагедија.

За жал, овој Самит се одржува во време на невидени предизвици за безбедносната архитектура на Европа, поттикнати од нелегалната инвазија на Русија врз Украина.
Светот е исправен пред нова историска пресвртница од крајот на Студената војна. Употребата на сила од страна на Русија против суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина е акт на агресија со јасно кршење на член 2 став 4 од Повелбата на ОН и бесрамен предизвик за меѓународниот правен поредок.

Уште од самиот почеток, најостро ја осудивме нелегалната инвазија од Русија. Можам да ве уверам дека поддршката на Северна Македонија за независноста и територијалниот интегритет на Украина е непоколеблива.

Мораме да бидеме обединети и солидарни со Украина бидејќи Украинците не само што ја бранат својата земја, туку ги бранат и основните начела на Повелбата на ОН.

Ваши екселенции,

Северна Македонија постојано ја истакнува важноста за постоење на независен и ефективен Меѓународен кривичен суд. Очигледно е дека мора да се обезбеди целосна одговорност за воените злосторства и сите други злосторства поврзани со војната на Русија, вклучително и одговорност за злосторствата на агресија.

Целосно ја поддржуваме Заедничката изјава за формирање на Специјалниот трибунал како меѓународен механизам кој има за цел да ги гони злосторствата на агресија извршени од страна на Руската Федерација против Украина. Нашата земја се приклучи кон групата и го поддржува формирањето на Специјален трибунал кој ќе ги истражува и гони сите злосторства на агресија и да ги изведе сторителите пред лицето на правдата согласно меѓународното право.

На крај, изразувам уверување кон нашите украински пријатели дека, заедно со нашите меѓународни партнери, ќе направиме се за Украина да успее, меѓународното право да се почитува и мирот и територијалниот интегритет на Украина да бидат целосно вратени во рамките на нејзините меѓународно признаени граници.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...