Претседателот Пендаровски во посета на канцеларијата на УНДП во Северна Македонија

24 јануари 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите (УНДП) во Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата претседателот оствари средба со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и со постојаниот координатор на Обединетите Нации во земјава, Росана Дуџак, коишто го информираа за севкупните активности, тековни проекти и програми на УНДП во повеќе клучни области во земјава.

Претседателот Пендаровски оствари средба и со вработените во канцеларијата на УНДП, на која беше разговарано за младинските политики, процесот на креирање на Националната развојна стратегија, за предизвиците поврзани со животната средина и загадување на воздухот, локалната самоуправа, самовработување, како и за други прашања коишто се во фокусот на активностите на УНДП.

Претседателот го поздрави нивниот ангажман и реализацијата на бројни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот и поддршката во исполнувањето на стратешките цели на државата, и изрази задоволство од досегашната успешна соработка со УНДП, посочувајќи ја соработката во рамки на подготовката на Рамката за развој МКД2030, како и презентацијата на годишните извештаи за човековиот развој на УНДП во Северна Македонија.

Воедно, претседателот истакна дека Кабинетот и во иднина ќе продолжи активно да соработува УНДП и со останатите агенции и организации на Обединетите Нации во земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...