Јавен повик за доставување пријави за признанието Успешни Mлади за 2019 година

23 јули 2020 | Јавни повици, Соопштенија

Признанието го доделува претседателот на Република Северна Македонија како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во Република Северна Македонија.

Признанието се доделува за резултати постигнати во текот на 2019 година, во осум (8) категории:

  1. Најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки;
  2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;
  3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;
  4. Најдобар/а млад/а  научник/чка во медицинските науки;
  5. Најдобар/а млад/а иноватор/ка;
  6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);
  7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);
  8. Најдобар/а млад/а уметник/чка.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2019 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.

Пријавените кандидат(к)и треба да достават доказ за исполнување на долунаведените услови (за соодветната категорија):

  • за категориите 1-4: а. Список и копија од објавени научни публикации (во смисла на дефиницијата за „референтна научна публикација“ дадена во Законот за високо образование – „Сл. весник на РМ“ бр. 82 од 8 мај 2018 год.); и/или б. Список и копија од научни книги (авторски монографски изданија) објавени од македонски издавач.
  • за категоријата 5: а. Копија од сертификат за патенти регистрирани од референтна институција; и/или б. Копија од сертификат или друг официјален доказ од референтна институција за признати значајни резултати во областа на иновациите; и  в. Проценка на позитивното влијание на иновацијата во поглед на решавање на одреден проблем и предизвик и во поглед на обемот на целната публика; и г. Економска скалабилност на идејата, односно колку лесно иновацијата може да се репродуцира (без да се копира), со цел во најкраток можен период да реши што поголем број проблеми и предизвици; и д. Иновацијата не треба да ѝ наштетува на животната средина на каков било начин.
  • за категоријата 6: а. Копија од сертификат, диплома или друг официјален доказ за постигнати значајни меѓународни и домашни резултати или награди во различни области (вклучувајќи ги и културата и уметноста) и б. Потврда за статус на редовен ученик во средно училиште; и/или в. Препорака од ментор/професор со кој кандидатот/кандидатката работел/а на одредена тематика и покажал/а извонреден успех.
  • за категоријата 7: а. Вклученост во процесот на инклузивно образование (училиште, факултет); и/ или б. Постигнат особен успех во образовниот процес; и/или в. Учество  во активности во училишната заедница/факултет; и/или г. Остварено влијание во заедницата со активности што ја подигнуваат свеста за инклузијата на лицата со попреченост.
  • за категоријата 8: a. Список и копија од објавени/изведени уметнички дела (снимки, фотографии и сл.) и б. Список и копија од критички осврти за уметничките дела; и/или в. Список на награди и признанија за уметнички остварувања.

Право на учество имаат сите граѓан(к)и на Република Северна Македонија што ги исполнуваат наведените услови. Горенаведените материјали заедно со биографија и со уверение за државјанство на Република Северна Македонија да се достават во еден печатен и еден електронски примерок (УСБ или wetransfer линк) до Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија или на [email protected], најдоцна до 18.09.2020 година. За подетални информации, обратете се на следната мејл адреса: [email protected], и на телефонскиот број 070 409 181.

Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието “Успешни млади”.

 

Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија
(Комисија за признанието „Успешни млади“)

Вила „Водно“
„Ацо Караманов“ 33А
МК-1000 Скопје

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...