Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

9 декември 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група, акредитирани во Република Северна Македонија.

На средбата присуствуваа амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски, на Чешката Република, Мирослав Томан, на Словачката Република, Хенрик Маркуш и на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.

Изразувајќи задоволство од одржувањето на традиционалната годишна средба, претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на континуираната и интензивна соработка меѓу Република Северна Македонија и земјите од Вишеградската група и очекувањето за нејзино продлабочување во претстојниот период.

Во контекст на аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната силна и гласна поддршка од страна на земјите од Вишеградската група во рамки на европските институции.

На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните случувања врзани со почетокот на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски оцени дека одложувањето на одржувањето на првата меѓувладина конференција може да го наруши кредибилитетот на процесот на проширување и ќе има негативно влијание на регионалниот развој и стабилноста на Западниот Балкан.

Претседателот нагласи дека нема план Б за европската иднина на земјата, посочувајќи дека интензивно се работи на планот А, а тоа е членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски рече дека ќе продолжат напорите за надминување на проблемот и го реафирмираше ставот дека за идентитетот и јазикот, како основно човеково право на самоопределување, нема да се преговара.

На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...