Државна вечера во чест на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер

29 ноември 2022 | Соопштенија

По повод официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмајер, беше приредена државна вечера, на која беа поканети претставници од државниот врв, пратеници, претставници од политичките партии, како и стопанственици од бизнис секторот коишто остваруваат економска соработка со германската држава. Воедно, на вечерата присуствуваа и претставници од граѓанското општество и поединци коишто имаат придонес во градење на македонско-германските образовни и културни врски во изминативе години.

Во рамки на свечената вечера, двајцата претседатели имаа протоколарни обраќања во чест на македонско-германското пријателство, соработката и заедничката европска иднина.

Ваша Екселенцијо, почитуван пријателе,
Почитувани гости,

Ми претставува особено задоволство што сум домаќин на Вашата прва официјална посета на Република Северна Македонија како претседател на Сојузна Република Германија
Мојата прва билатерална посета, по стапувањето на должност во 2019 година, беше токму на Сојузна Република Германија, а од тогашната наша прва средба во Берлин, во изминативе три и пол години, во континуитет, остваруваме интензивна комуникација, што е од особена важност за мојата држава и за мене лично.

Сојузна Република Германија е меѓу нашите најважни партнери, а нашата интензивна соработка во многу области во изминатите децении е најдобар доказ за цврстите односи и пријателство меѓу нашите две држави и народи. Идната година ќе одбележиме 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи, што е значаен јубилеј за мојата држава и основа за натамошен развој на нашите односи.

Почитуван пријателе,

Живееме во турбулентно време во Европа и во светот. За жал, кога мислевме дека војните во Европа се минато, оваа година се соочивме со брутална агресија врз една суверена европска држава. Нападот врз Украина од страна на Руската Федерација е напад врз основните вредности на Европа што ги воспоставивме по завршувањето на Втората Светска Војна.
Овие случувања се најдобра потврда и потсетник за важноста на европското единство и улогата на Европската Унија како уникатен мировен проект во новата светска историја. Исто така, тие се предупредување дека процесот на европска интеграција треба да биде заокружен како најдобра гаранција дека мирот, демократијата, човековите права и слободи, економскиот просперитет и солидарноста ќе бидат основата на Обединета Европа.

Оваа година, мојата држава започна ново поглавје на патот кон Европа. Во тој контекст, Ви благодарам за силната и конзистентна поддршка од Вас лично и од Сојузна Република Германија. Вие и германската држава сте едни од најсилните промотори и застапници на европската интеграција на Северна Македонија и на нашиот регион. Станува збор за долг и комплексен процес во кој, како и досега, ја очекуваме Вашата поддршка. Сакам да Ве уверам дека ние сме целосно свесни и посветени на нашиот дел од обврските и ќе бидеме доверлив партнер во овој процес до крај.

Господине Претседателе, почитувани гости,

Денес, во разговорите ја потврдивме посветеноста за развојот на нашите севкупни односи, како на политички, така и на економски план. Германија е нашиот најголем економски партнер и еден од најзначајните инвеститори кај нас.

Остваруваме интензивна соработка и во сферите на образованието, науката и културата. Го користиме германскиот модел на дуално образование во реформата на нашето средно стручно образование, а голем број на студенти и наставен кадар од нашите универзитети учествуваат во програмите за академска размена меѓу нашите држави. Изучувањето на германскиот јазик е се попопуларно кај нас, а наш стратешки приоритет е промоција на македонскиот јазик на катедрите за славистика на германските универзитети.

Постигнавме многу во развојот на билатералните односи во изминатите три децении. Постигнатите резултати треба да ги почитуваме, но и да имаме амбиции за уште поголема соработка, во догледно време, и во рамките на Европската Унија.

Господине Претседателе, почитувани гости,

Дозволете ми да Ве повикам да наздравиме во чест на македонско- германското пријателство, соработка и заедничка европска иднина!

На здравје!

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...