Претседателот Стево Пендаровски, вечерва во Скопје приреди прием по повод велигденските празници, на кој присуствуваа претставници на државно-владиниот врв, поглавари и претставници на верските заедници и лидери на политички партии.
Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека соживотот и почитувањето на различноста се темелни вредности на Република Северна Македонија и, поздравувајќи ги присутните, повика да продолжат да работат во насока на продуктивна коегзистенција меѓу граѓаните во нашето мултирелигиско и мултикултурно општество и во градењето на заедничка иднина.