Претседателот Пендаровски со порака до учесниците на 71. Генерално собрание на Меѓународната федерација на здруженија на студенти по медицина

2 март 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски преку видео порака се обрати на учесниците на 71. Генерално собрание на Меѓународната федерација на здруженија на студенти по медицина, чиј домаќин е Македонската медицинска студентска асоцијација.

Претседателот Пендаровски им посака успешна конференција и порача дека му претставува чест што токму Северна Македонија е домаќин на овој голем студентски настан во областа на медицината.

Потенцирајќи ја улогата на медицинскиот персонал во услови на пандемијата на Ковид -19, претседателот ги охрабри студентите и нивните напори за брзо прилагодување на промените и примена на новите методологии и знаења.

„Пандемијата на Ковид-19 ги разоткри слабите и силните страни на здравствените системи, но истовремено влијаеше и на сите општествени аспекти, вклучително и  на медицинските практики, истражувањата, размената на студенти и самите медицински студии.  Сепак, вашата желба да им помогнете на другите луѓе, беше мотив за вашето брзо прилагодување на новите околности и прмена на новите методологии за масовно учење“, рече претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека како идни здравствени работници, тие имаат можност директно да придонесат за унапредување на здравствените системи во своите земји.

„Иако пандемијата полека се повлекува стивнува, неизвесностите сè уште постојат. Многумина од вас се на пат да станат медицински и здравствени лидери во вашите заедници. Вие не само што ќе имате должност да лекувате поединци, туку и можност да придонесете за подобрување на јавното здравје, преку советување на носителите на политики и одлуки. За да ги постигнете овие задачи, ќе треба и понатаму да ги развивате вашите знаења, вештини и компетенции во повеќе различни области “, порача претседателот Пендаровски пред студентите по медицина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...