Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

24 март 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија.

Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за координација на Европската банка се одржува во време на бројни и испреплетени кризи што меѓусебно се зајакнуваат.

„Пандемијата и руската инвазија на Украина предизвикаа рецесија, енергетска криза и ценовни шокови на глобалните пазари. Јавниот долг и инфлацијата продолжуваат да растат, а се продлабочува и нееднаквоста меѓу државите и во државите. Овие предизвици нѐ соочуваат со дилемата како да се одржи финансиска стабилност во ера на голема неизвесност“, истакна претседателот, додавајќи дека за решавање на секоја криза потребна е координација и соработка.

„И за време на глобалната финансиска криза од 2009 година и во текот на европската должничка криза, „Виенската иницијатива“ на многу одговорен начин, придонесе за зачувување на кредибилитетот на финансискиот и банкарскиот систем.  Финансиската стабилност на централна, источна и на југоисточна Европа е природно поврзана со стабилноста на поширокиот европски и меѓународен финансиски систем. Оттука, „Виенската иницијатива“ е чувар на тој заеднички интерес кон којшто сите треба да придонесуваме“, истакна претседателот Пендаровски.

Тој изрази очекување дека оваа соработка ќе продолжи да биде гаранција на стабилноста и предвидливоста, бидејќи  само заедно можеме да ги надминеме кризите, да ги искористиме придобивките на дигитализацијата, да се приспособиме на Зелената агенда и, на таков начин, да градиме финансиски и економски системи што ќе бидат далеку поотпорни на потенцијални шокови.

„Виенската иницијатива“ претставува меѓународна рамка за соработка за одржување на финансиската стабилност во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа.

На Годишниот форум учествуваат гувернери на централните банки од ЦИЈЕ и високи претставници на Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Европската централна банка и Европската комисија, како и претставници од банкарскиот сектор.  Теми на форумот се тековните економски движења во регионот, предизвиците со кои се соочуваат централните банки во макроекономски услови при висока економска и геополитичка неизвесност, како и структурните промени со коишто треба да се справи финансискиот систем, пред сѐ во доменот на зелената транзиција и прифаќањето на новите технолошки достигнувања и дигитализацијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28 која се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, денеска се обрати на Сегментот на високо ниво на Светскиот самит за климатски активности....

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, за време на неговото учество на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28, оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо. ...

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи оствари кратки средби со британскиот крал Чарлс Трети, со кралот на Јордан Абдула Втори, со претседателката на Република Словенија Наташа...

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, денеска прими делегација предводена од заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија, Јоичи Фуказава, којашто престојува во земјава по повод учеството на Министерски совет на ОБСЕ. [gallery...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности, што се одржува во рамки на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28. [gallery...