Претседателот Стево Пендаровски на вонреден виртуелен Самит на НАТО за руската инвазија над Украина

25 февруари 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски попладнево учествуваше на вонредниот виртуелен Самит на НАТО, на ниво на шефови на држави и влади, на којшто се разговараше за безбедносната ситуација во и околу Украина.

Во своето обраќање на состанокот, претседателот Пендаровски потенцираше дека во овој критичен момент за меѓународниот правен поредок, за мирот и за безбедноста на Европа, потребно е Алијансата да го покаже своето единство и да настапи со здружени напори и дејствија.

Претседателот Пендаровски ја повтори државната позиција дека Северна Македонија го осудува рускиот напад врз Украина, оценувајќи дека истиот е неоправдан и неиспровоциран.

„Северна Македонија најостро го осудува руското признавање  на   украинските региони Доњецк и Луганск, како независни територии. Се придружуваме на повиците Русија веднаш да прекине со својата воена акција и да ги повлече сите воени трупи и капацитети од Украина“, рече претседателот Пендаровски потсетувајќи дека Русија мора да ги почитува меѓународните норми и да постапува во согласност со основите на меѓународна безбедносна архитектура, на која се обврзала.

Како одговор на руските воени дејствија во Украина, претседателот информираше дека Северна Македонија се приклучува кон пакетот рестриктивни мерки на Европската Унија против Русија.

Претседателот  истакна дека Северна Македонија целосно ги поддржува  напорите на НАТО за брз одговор и распоредување на војници за зајакнување на безбедноста на источното крило и подвлече дека го даваме нашиот придонес во овие напори, во согласност со нашите капацитети.

„Го поддржуваме народот на Украина и нејзините демократски избрани институции. Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените. Ова е прашање на нашата колективна безбедност и прашање на европскиот мир, со цел да се одржи меѓународниот поредок. Мора да бидеме обединети и да ги надминеме тешкотиите со кои се соочуваме, бидејќи иднината на нашата Алијанса и на сите наши граѓани е доведена во прашање“, потенцираше претседателот Пендаровски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...