Средба на претседателот Пендаровски со Ана Стојаноска, уметнички директор и претседател на Собранието на фестивалот „Војдан Чернодрински“

6 февруари 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ана Стојаноска, уметнички директор и претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

На средбата, Стојаноска го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности во насока на организирање на овогодинешното издание на фестивалот којшто ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. Истакнувајќи дека од минатата година концептот на „Војдан Чернодрински“ е „Враќање дома“, Стојаноска посочи дека целта на најстариот театарски фестивал е симболично да ги врати дома сите театарски уметници, а Прилеп да биде град на театарот.

Говорејќи за дел од предизвиците со кои се соочуваат, Стојаноска подвлече дека на фестивалот во континуитет се изведуваат најдобрите театарски остварувања од македонска театарска продукција и се афирмира македонското драмско творештво.

Потенцирајќи дека одржувањето на фестивалот е од државен интерес, претседателот Пендаровски потенцираше дека е особено важно да се продолжи речиси шест децениската традицијата на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Заедничка иницијатива за климатска акција  – искуства од  28. Самит за климатски промени

Заедничка иницијатива за климатска акција – искуства од 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети лабораторијата за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и учествуваше во дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција  - искуства од  28. Самит за климатски...

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора на Северна Македонија, Тим-40. Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски со активностите на нивната асоцијација, како и...

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за  лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Кабинетот на претседателот, во рамки на Отворен кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Мирче Ацев“ и лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Претседателот Стево Пендаровски денеска во книжарницата „Сакам книги“ оствари средба со писателката Оља Петрушевска Томева. Истакнувајќи дека речиси и да нема сличност меѓу пишувањето и нејзината примарна професија...

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи...