Обраќање на претседателот Пендаровски во Трговската и индустриската комора Антверпен – Васланд

22 мај 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Кралството Белгија, денеска се обрати во Трговската и индустриска комора Антверпен – Васланд (VOKA), каде што беше одржана презентација на економските потенцијали и инвестициските можности во Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски истакна дека Белгија е важен политички и економски партнер на Северна Македонија и е една од првите држави која ги согледа можностите за инвестирање во Северна Македонија.

„Во моментов, се наоѓаме на средината на т.н. скрининг процес, а напоредно со тоа преземаме сериозни реформски зафати, компатибилни со законодавството на ЕУ, кои очекуваме мошне позитивно да влијаат на севкупната бизнис клима “, рече претседателот Пендаровски, посочувајќи дека меѓу двете земји постои солидна договорн0-правна рамка, воспоставена мрежа на контакти меѓу бизнисите и соодветните институции, авио-линија меѓу Скопје и Брисел и дека во Белгија живее и работи бројна македонска дијаспора, која може да биде клучна за поврзување на луѓето од двете земји.

Во контекст на новонастанатите околности поради руската инвазија врз Украина, претседателот истакна дека не постои земја, која помалку или повеќе, не е економски погодена  и која би можела самата да се справи со сите предизвици. „Оттука, земјите кои споделуваат заеднички демократски вредности немаат подобра алтернатива освен јакнење на економските врски, бидејќи полза од тоа немаат само стопанственици, туку и нашите граѓани кои директно ги уживаат ефектите од таквата соработка“, порача претседателот во обраќањето.

Тој посочи дека секоја успешна деловна приказна, како онаа на Ван Хол, дополнително ги зајакнува односите меѓу двете земји, што во услови на меѓународна нестабилност е повеќе од потребно.

На презентацијата се обратија министерот за економија, Крешник Бектеши, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски, претседателот на ВОКА, Андреас Пфефер, како и Филип Ван Хол и Хилде Де Саделер од компаниите „Ван Хол“ и „Њу Векама“, коишто ги споделија нивните бизнис искуства и препораки од работата во Северна Македонија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...