Учество на претседателот Пендаровски на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ на Светскиот економски форум во Давос

17 јануари 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос денеска – 17 јануари 2024 година, среда, ќе говори на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, со почеток во 18:15 часот.

Во фокусот на дебатата се очекува да бидат перспективите за проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, нивната подготвеност за реализација на реформите, очекувањата од европските избори, подобрувањето на економската интеграција на регионот и неговиот раст.

На сесијата се очекува учество на шефови на држави и влади и министри на земјите од регионот и поширико од Европа, како и претставници на бизнисот и невладиниот сектор.

Meѓу најавените излагачи на сесијата се и Мирек Душек, директор на Светскиот економски форум, Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум, Урсула фон дер Лејен, претседателка на Европската Комисија, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, премиерот на Грузија, Иракли Гарибашвили, премиерот на Косово, Албин Курти, премиерот на Молдавија, Дорин Рецеан, Тања Фајон, вицепремиер и МНР на Словенија, Сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, министерката за надворешни работи на Романија, Луминица Одобеску, Мирослав Лајчак, Специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и Западен Балкан, Борјана Кришто, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина и други високи претставници.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Заедничка иницијатива за климатска акција  – искуства од  28. Самит за климатски промени

Заедничка иницијатива за климатска акција – искуства од 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети лабораторијата за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и учествуваше во дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција  - искуства од  28. Самит за климатски...

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора на Северна Македонија, Тим-40. Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски со активностите на нивната асоцијација, како и...

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за  лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Кабинетот на претседателот, во рамки на Отворен кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Мирче Ацев“ и лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Претседателот Стево Пендаровски денеска во книжарницата „Сакам книги“ оствари средба со писателката Оља Петрушевска Томева. Истакнувајќи дека речиси и да нема сличност меѓу пишувањето и нејзината примарна професија...

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи...