Претседателот Пендаровски учествуваше на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ на Светскиот економски форум во Давос

18 јануари 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос вчеравечер говореше на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“.

Во фокусот на дебатата беа перспективите за проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан во поширокиот геополитички и безбедносен контекст, нивната подготвеност за реализација на реформите, очекувањата од европските избори, подобрувањето на економската интеграција на регионот и неговиот раст.

Претседателот Пендаровски ја реафирмираше потребата од забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан, која позитивно ќе влијае врз безбедноста, севкупните политички процеси и реформската агенда, како и врз евро-оптимизмот во регионот.

Според него, перспективата за членство во Европската Унија не е потребна само за зајакнување на економијата, унапредување на трговската размена и подобрување на животниот стандард, туку дека е потребна и политичка интеграција во институциите на ЕУ, што ќе придонесе за демократскиот развој, зајакнување на институциите, владеење на правото и слободни медиуми.

Претседателот Пендаровски истакна дека во време на мултиплицирани кризи, важно за стабилноста на Западен Балкан е да имаме поголемо европско присуство во регионот.

Meѓу излагачите на сесијата беа и Урсула фон дер Лејен, претседателка на Европската Комисија, Сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ,  премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, премиерот на Косово, Албин Курти, премиерот на Грузија, Иракли Гарибашвили, премиерот на Молдавија, Дорин Рецеан и Мирослав Лајчак, Специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и Западен Балкан.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Заедничка иницијатива за климатска акција  – искуства од  28. Самит за климатски промени

Заедничка иницијатива за климатска акција – искуства од 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети лабораторијата за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и учествуваше во дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција  - искуства од  28. Самит за климатски...

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора на Северна Македонија, Тим-40. Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски со активностите на нивната асоцијација, како и...

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за  лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Кабинетот на претседателот, во рамки на Отворен кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Мирче Ацев“ и лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Претседателот Стево Пендаровски денеска во книжарницата „Сакам книги“ оствари средба со писателката Оља Петрушевска Томева. Истакнувајќи дека речиси и да нема сличност меѓу пишувањето и нејзината примарна професија...

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи...