Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генералот Весли Кларк, поранешен командант на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа.
На средбата се разговараше за актуелните регионални и безбедносни прашања, состојбите во регионот и беа разменети мислења за состојбите во Украина и улогата на Алијансата во одбраната на украинскиот народ од руската воена инвазија.
Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија како членка на НАТО, во рамки на можностите ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија.
Генералот Кларк оддаде признание за придонесот и помошта што Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, ја дава на Украина.