Обраќање на претседателот Пендаровски на доделувањето на Светската награда за хуманизам на Охридската Академија на хуманизмот

19 јануари 2021 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски преку видео-порака се обрати на онлајн настанот на доделување на Светската награда за хуманизам за 2021 годнина, на истакнатиот филозоф од Босна и Херцеговина, академик Абдулах Шарчевиќ.

Светската награда за хуманизам е признание коешто го доделува Охридската Академија на хуманизмот, на истакнати личности од доменот на културата, уметноста, книжевноста и општествениот живот. Годинава признанието се доделува по 15-ти пат.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани членови на Охридската Академија на хуманизмот,
Почитуван академик Абдулах Шарчевиќ,
Драги пријатели,

Ви благодарам на можноста и на честа да ви се обратам по повод доделувањето на Светската награда за хуманизам која годинава по 15-ти пат ја доделува Охридската Академија на хуманизмот. Овогодинешното доделување на наградата, токму на големиот христијански празник Богојавление – Водици, има особена симболика и значење за нас. Таа симболика е дополнително засилена со фактот што на денешен ден се навршуваат 30 години од основањето на Охридската Академија на хуманизмот.

Низ своите три децении опстојување, со јасно декларирана цел, ширење на хуманите вредности низ светските меридијани, Охридската Академија, во современ контекст, всушност, го продолжува делото на Свети Климент Охридски и на неговата надалеку чуена Охридска книжевна школа.

Надвор од секакво сомнение е дека меѓу мноштвото активности на Академијата особено значајно место зазема доделувањето на светската награда за хуманизам. Востановена во 2007-та, наградата се доделува секоја година на светски познати уметници, интелектуалци, истакнати имиња, но, пред се, на посветени хуманисти. Кон долгата листа импозантни имиња на лауреати, годинава се придружува и името на академикот од Босна и Херцеговина, почитуваниот господин, Абдулах Шарчевиќ, несомнено еден од најзначајните филозофи во нашиот регион, признат и познат многу подалеку од неговите граници.

Посебен, и за нас значаен куриозитет е податокот дека академик Шарчевиќ почетоците на својата научна кариера ги имал на Филозофскиот факултет во Скопје, во втората половина од педесетите години на минатиот век. Се надевам дека и по добивањето на ова престижно признание, личните и професионалните контакти кои професорот Шарчевиќ одамна ги има изградено со Република Северна Македонија само ќе добијат на интензитет.

Почитувани,

Академик Георги Старделов кој, за жал, пред само некој ден не напушти, преселувајќи се во вечноста на човековото паметење, оставајќи неизбришлива трага во македонската култура и општествена мисла, за годинешниот добитник на светската награда за хуманизам, не без причина, напиша: „неговото филозофско дело ни дава една храбра и навистина сеопфатна дијагноза на нашето време и во него: на нашата цивилизација, на нашата културна историја, на нашето општество во кое опстојуваме; сеопфатна анализа за тоа што се случува со човекот денес во 21 век, во векот на неговото отуѓување од сето човечко и човечно“.

Со пандемијата која ги загрози нашите животи и нашето здравје, ни го промени секојдневието и буквално го промени ликот на целото човештво, за жал, само уште повеќе се зголеми човековата отуѓеност, правејќи не ранливи, осамени и затворени во себеси. Имено, во вакви времиња ни е и тоа како потребна хуманоста, солидарноста и взаемната почит. Да го победиме Ковид-19 и да се вратиме во нормалното секојдневие, но и да ја афирмираме и повторно актуализираме духовноста и културата. Накусо, да ја вратиме човечноста на човештвото.

Почитувани пријатели,

Се надевам дека набргу ќе можеме сите да се собереме во древниот Охрид и непосредно да комуницираме, како некогаш.

На Охридската академија на хуманизмот и го честитам јубилејот, на академик Абдулах Шарчевиќ му честитам на наградата и му посакувам што побрзо да дојде во посета на нашата земја, поточно, на неговата и наша, заедничка земја.

На крајот од моето кусо обраќање, дозволете да ви посакам добро здравје и радост на сите во 2021-та.

Драги пријатели,

Ви благодарам за вниманието.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....