Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

16 септември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Eврејската заедница во Република Северна Македонија.

Почитувана г-ѓо Берта Романо-Николиќ,
Почитувани припадници на Eврејската заедница во Република Северна Македонија,

Дозволете ми во мое лично име и во име на сите граѓани на Република Северна Македонија да Ви посакам одбележувањето на најсветиот еврејски празник Јом Кипур ‒ празникот на помирувањето, покајанието пред Бога и простувањето, да го минете во духовен мир, молитва и надеж.

Овие денови посветени на пост и негување на традицијата се неопходни за одржување на чувството на душевен мир, особено денес кога современиот начин на живеење носи непредвидливост и неизвесност.

Премрежјата од минатото испреплетени со предизвиците во иднината, најсилно се чувствуваат во деновите посветени на Господ, а тие се исклучително важни за секој од нас посебно, но и за цврстината на нашите заедници и на општеството во целина.

Република Северна Македонија е благодарна за богатството на верските и етничките традиции на своите граѓани, меѓу кои особено е значаен придонесот и на Еврејската заедница.

Упатувајќи Ви Вам и на сите припадници на Еврејската заедница желби за благословен Јом Кипур, посакувам овој период во годината да Ви донесе мир, љубов и среќа.

Стево Пендаровски

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин, присуствуваше и се обрати на донаторска вечера „Патишта кон просперитет“ во...

Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателот на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Пепо Леви и до сите припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија....

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот...

Активности на г-а Елизабета Ѓоргиевска во рамки на учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на ОН

Активности на г-а Елизабета Ѓоргиевска во рамки на учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на ОН

Сопругата на претседателот г-а Елизабета Ѓоргиевска, која престојуваше во Њујорк во придружба на претседателот при неговото учество на 78. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, оствари повеќе средби и активности. Г-а Ѓоргиевска оствари средба со Диен...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Гласот на Америка

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Гласот на Америка

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, изјави дека од Русија зависи дали ќе има примирје во Украина. Тој посочи дека руската делегација се оглушува на сите барања на цивилизираниот и демократскиот свет.  ...