Потпишана Заедничка декларација за интеграција на Република Северна Македонија во структурите на НАТО

16 ноември 2021 | Соопштенија

На свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска беше потпишана Заедничка декларација за интеграција на Република Северна Македонија во структурите на НАТО, со што се заокружи процесот на воена интеграција на нашата држава во Алијансата.

Заедничката декларација ја потпишаа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на Сојузничката команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ.

Во своето обраќање на свечената церемонија, претседателот Стево Пендаровски истакна дека потпишувањето на декларацијата покажува дека државата постигна значајни резултати по само една и пол година членство и го потврдила кредибилитетот. Според претседателот Пендаровски, комплетирањето на овој процес претставува успех и за Алијансата во целина.

„Сето ова, не значи и крај на поширокиот реформски процес. Напротив, ова значи дека мора да продолжиме да ја унапредуваме демократијата и функционирањето на мултиетничкото општество и при тоа, да ги почитуваме постигнатите билатерални и мултилатерални договори. Се обврзавме дека до 2024 година ќе го постигнеме прагот да одвојуваме 2% од БДП за одбраната. Иако се случуваат непредвидливи работи, како пандемијата или енергетската криза кои притискаат за поинаков распоред на буџетските приоритети, сепак, одбраната и безбедноста се основата за функционирање на сите други општествени сектори“, рече претседателот Пендаровски.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски оцени дека денешниот чин ја отсликува и ефектуира тридецениската напорна и посветена работа во сите сегменти како држава, но и како Армија, со цел да станеме дел од најмоќната воено-политичка алијанса.

„Сакам да нагласам дека целосната интеграција и трансформација на нашата држава е еден континуиран процес кој практично никогаш не завршува, туку напротив претставува постојано адаптирање на Армијата и нејзините внатрешни процеси кои водат до целосна интероперабилност со останатите членки на НАТО, а се со цел успешно справување со современите предизвици со кои се соочуваме“, рече генералот Ѓурчиновски.

Командантот на Сојузничката команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ истакна дека крајот на интеграцискиот процес на Северна Македонија во НАТО е навистина огромен успех не само за Северна Македонија, туку и за Алијансата.

„Потпишувањето на оваа заедничка декларација не претставува само важна одредница за вооружените сили на Северна Македонија, туку ја потврдува силата на Северна Македонија како веродостоен и значаен член на Алијансата, земја-членка која има волја и има можност да ги приспособи својата структура и сили кон потребите и барањата на НАТО“, рече генералот Лавињ.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска оцени дека денешниот чин покажува дека членството на Република Северна Македонија во НАТО беше заслужено како резултат на крупни, сериозни и многу амбициозни реформски процеси.

„Дозволете ми да честитам на сите оние кои што учествуваа во овој важен процес, да им честитам и да им се заблагодарам на многуте часови поминати со невидлива работа. Заради тие многу часови невидлива работа, денеска видливо можеме да се пофалиме за овој голем историски успех. Година и половина од нашето членство да кажеме дека ги исполнивме сите услови за целосна воена интеграција со најмоќната воено политичка алијанса. Тоа покажа дека сме сојузници на кои НАТО може да се потпре, дека стоиме на својот збор како најнова членка на НАТО, дека сме способни без одлагање да го реализираме тоа што сме го презеле како обврска и дека гарантираме рамноправен придонес во сите мисии и сите операции на НАТО“, рече министерката Шекеринска Јанковска.

Претходно, претседателот Пендаровски го прими командантот на Сојузничката команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...