Средба на претседателот Пендаровски со претставници на асоцијациите АСОМ и АПИС

3 април 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски прими претставници на Асоцијацијата на спортски обложувалници – АСОМ и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина – АПИС.

На средбата се разговараше за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој по предлог од Министерството за финансии со европско знаменце е доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

Претставниците на АСОМ и АПИС информираа за последиците од носењето на овие измени кои според нив ќе предизвикаат губење на работни места на вработените во овој сектор и ќе придонесат кон драматични финансиски импликации. Тие изразија негодување и за одлуката предложените измени да бидат со европско знаменце, што подразбира да се одвиваат со побрза динамика и скратена постапка, а посочија дека во предложените измени има серија одредби кои не се во согласност со Уставот.

Претседателот Пендаровски ги сослуша аргументите на претставниците на Асоцијацијата на спортски обложувалници и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина и порача дека е неопходна општествена јавна дебата со вклучување на сите засегнати страни како би се дошло до одржливо законско решение. Претседателот апелираше предложените измени да одат во регуларна процедура во законодавниот дом за да има време да се соочат сите ставови и да се изнајде решение според највисоките европски стандарди за организирање игри на среќа, кое ќе го штити националниот интерес и ќе претставува баланс меѓу засегнатите страни.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...