Средби на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со жени претприемачки

20 април 2022 | Aктивности, Соопштенија, Средби

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска во Скопје и Тетово оствари средби со жени претприемачки кои го негуваат и пренесуваат културното наследство преку изработка на уникатни ракотворби на традиционални македонски и албански народни носии.

Посетата на жени претприемачки е во организација на Центарот за управување со промени по повод Денот на културното наследство и се реализира во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“, а е дел од поддршката на сопругата на претседателот во промоција и развој на женското претприемништво во нашата земја.

Во рамки на посетата, Ѓоргиевска ја посети антикварницата на Катерина Трајковска Стоименова во Старата скопска чаршија, дуќанот за традиционална албанска носија на Белка Мустафа во Горна чаршија во Тетово, а оствари средба и со колекционерката на традиционална албанска носија Зејна Халими, којашто презентираше албански носии од Кичево и регионот на Река.

Целта на посетата е да се промовира вредната работа на вештите жени кои успеваат да ги задржат и оживеат заборавените традиционални вештини и успеваат на модерен начин, преку креативни ремек дела на бои, ткаенини и везови, да го сочуваат културното богатство.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...