Сопругата на претседателот се обрати на конференцијата „Женско лидерство – време е да се скрши „стаклениот покрив“

21 декември 2023 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на конференцијата „Женско лидерство – време е да се скрши „стаклениот покрив“ во организација на М6 Едукативен Центар.

Во своето обраќање, сопругата на претседателот истакна дека создавањето на еднакви можности за напредок и развој значи да креираме политики и да носиме одлуки имајќи ја женската перспектива пред нас, a тоа значи родово одговорно буџетирање, истражувања и работа со клиенти каде ќе се вклучи и машката и женската перспектива, тестирање на продукти и услуги во кои се гледа и женското искуство, политики каде ги имаме предвид многукратните улоги на жените во водење и грижата за домот, мајчинството или грижат за ранливи лица, односно да не се водиме само од воспоставената машка норма, туку да имаме предвид дека во општеството постои женска димензија која треба да се земе предвид при планирањето и носењето на одлуки.

Претставнички од дипломатската заедница, јавните институции, бизнис секторот, мажи ангажирани на активности од областа на родовата еднаквост како и претставници од младински организации споделија свои искуства и ставови за женското лидерство од областа во која делуваат. Целта на настанот е подигнување на свеста за родовата еднаквост на работното место од аспект на политиките кои се спроведуваат на оваа тема преку реалната состојба во бизнис секторот, па сè до предизвиците за младите жени и девојки кога станува збор за кариерен и личен развој.

Дами и господа, добро утро,

Благодарам за укажаната можност за придонес кон денешната дебата со која верувам ќе придонесеме кон зголемена јавна свест за потребата од заедничка работа за отстранување на бариерите со кои се соочуваат жените во нивниот развој како лидерки.

Сметам дека секој од нас има должност да создава еднакви можности за професионален развој и за добивање на раководни позиции за секој, без разлика на родот. Креирање на можности за исполнувања на соништата без разлика на строго воспоставените корпоративни политики кои неретко се дефинираат од машката позиција. Еднаква плата и надомест без никаква разлика со онаа кај мажите лидери.

Терминот „стаклениот покрив“ ги опишува невидливите, а истовремено непробојни бариери помеѓу жените и доминантно машките раководни функции. Но, не помалку важно е да се фокусираме и на кршење на овие бариери кои потекнуваат од историски зададените норми за улогата на жената и нејзините општествено доделени улоги кои се обликувани од патријархалните култури.

И покрај напредокот на жените во професионалниот свет, стаклениот покрив сè уште изгледа висок и недостижен. Иако постои одреден напредок, предизвикот за жените лидерки продолжува. Истражувањата покажуваат дека жените носителки на моќ се сметаат за помалку легитимни од мажите на кои културолошки се подразбира дека моќта им припаѓа. Жените кои имаат амбиција да бидат лидерки, се соочуваат со многу поголеми предизвици отколку мажите, но тие се и сочувствителни кон потребите на другите, спремни за тешки предизвици, поорганизирани и координирани при комплексни прашања, а што е најважно отворени се за експертски мислења и неконвенционални размислувања.

Создавањето на еднакви можности за напредок и развој значи да креираме политики и да носиме одлуки имајќи ја женската перспектива пред нас. Тоа значи родово одговорно буџетирање, истражувања и работа со клиенти каде ќе се вклучи и машката и женската перспектива, тестирање на продукти и услуги во кои се гледа и женското искуство, политики каде ги имаме предвид многукратните улоги на жените во водење и грижата за домот, мајчинството или грижат за ранливи лица, односно да не се водиме само од воспоставената машка норма, туку да имаме предвид дека во општеството постои женска димензија која треба да се земе предвид при планирањето и носењето на одлуки.

Кршењето на невидливите бариери што ги спречува жените да стигнат „до највисоките нивоа во светот на бизнисот без оглед на нивните достигнувања и заслуги“, како што се вели во дефиницијата за „стаклениот покрив“, е благородна мисија, зашто само преку нивно отстранување и создавање на повеќе поволни услови за жените можеме да дојдеме до намалениот родов јаз.

Секој од нас што има некакво влијание во општеството, дали е преку образованието, бизнисот, политиката, културата, или општо во јавната сфера, има должност да ги мотивира новите генерации на млади дека и девојчињата и момчињата имаат право и можат да постигнат високи цели. Потребно е да бидеме ментори на идните генерации, да го искористиме нашето искуство од пречките со кои сме се соочувале и како научени лекции да им ги пренесеме на новите генерации, за тие да имаат полесен пат. Дополнително, треба да ја поттикнеме и одржуваме женската солидарност,  да подадеме рака, поддржувајќи го професионалниот развој на другите жени.

Работите не се менуваат брзо. Според неодамнешниот извештај на Светскиот економски форум за родова нееднаквост во светот, со ова темпо, ќе бидат потребни уште 132 години за да се намали јазот меѓу половите. Во решавањето на родовиот јаз, мора да признаеме дека вистинската еднаквост е партнерство. Мажите не се исклучени од овој дијалог, тие се наши сојузници во оваа заедничка борба.  Заедно мора да ги редефинираме очекувањата, да ги предизвикаме стереотипите и да негуваме средини каде што и мажите и жените можат заеднички да напредуваат.

Благодарам за поканата и можноста да бидам дел од овој значаен настан.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Заедничка иницијатива за климатска акција  – искуства од  28. Самит за климатски промени

Заедничка иницијатива за климатска акција – искуства од 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети лабораторијата за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и учествуваше во дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција  - искуства од  28. Самит за климатски...

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора на Северна Македонија, Тим-40. Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски со активностите на нивната асоцијација, како и...

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за  лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Кабинетот на претседателот, во рамки на Отворен кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Мирче Ацев“ и лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Претседателот Стево Пендаровски денеска во книжарницата „Сакам книги“ оствари средба со писателката Оља Петрушевска Томева. Истакнувајќи дека речиси и да нема сличност меѓу пишувањето и нејзината примарна професија...

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи...