Бисера Спасевска

Советник за економски прашања

е-маил: [email protected]  

телефон: +389 70 209 557

Биографија

Бисера Спасевска е дел од Кабинетот на претседателот од август 2019 година по неколкугодишен ангажман во Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Била советник на министерот за финансии од областа на меѓународните финансии, соработка со меѓународни финансиски институции и следење на реализацијата на ИПА фондовите од Европската унија. Била претседател на Комисијата за субвенционирање на станбен кредит и член на проектниот одбор на проектот за подобрување на општинското владеење на Канцеларијата за развој на Обединетите нации во Скопје, во соработка со Делегацијата на Европска Унија и Министерството на финансии.

Во нејзиното претходно работно искуство е ангажман во Министерството за информатичко општество и администрација  во областа на ИПА фондовите, како соработник за следење на проектното портфолио на министерството.

Дипломирала и магистрирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Како дел од неформалното образование учествувала на многубројни обуки, поседува сертификат „PRINCE 2“-  Practitioner, а во август 2019 година била дела од американската програма за млади лидери од различни земји (IVLP).