Кабинет на претседателот

Кабинетот на претседателот е стручна служба којашто работи за поддршка и за реализација на активностите и приоритетите предвидени во мандатот на претседателот добиен од граѓаните на општи и непосредни избори.

Организацијата на Кабинетот се врши со одлука на претседателот, а Кабинетот го води генерален секретар, којшто го назначува претседателот и е одговорен за целокупното работење на Кабинетот. Генерален секретар на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски е Миле Бошњаковски

Кабинетот на претседателот го сочинуваат и замениците-генерални секретари и посебни советници именувани од претседателот, кабинетски службеници, државни советници, надворешни соработници, административни службеници, како и лицата коишто се дел од постојаните или времените тела на Кабинетот. 

Во составот на постојаната стручна служба на Кабинетот се државните советници за надворешна политика, како и за уставни прашања, секторите за надворешна политика, внатрешна политика, одбрана и безбедност, односи со јавност, организациски и правни прашања, како и независните одделенија за финансиски прашања и човечки ресурси коишто работат за поддршка на целите и приоритетите.

Извршната асистентка на претседателот е надлежна за водење и уредување на агендата на претседателот во секојдневното работење, прием на пошта, делегации и странки и други организациски активности во поддршка на претседателот.
Доколку сакате да закажете состанок со претседателот Пендаровски или би сакале да упатите барање до него, можете тоа да го остварите преку телефонскиот број +389 2 3253 105 и по електронска пошта [email protected].

Миле Бошњаковски

Генерален секретар

Тоше Зафиров

Заменик-генерален секретар

Билјана Радева

Заменик-генерален секретар, Раководител со службата за комуникации

Гоце Карајанов

Амбасадор, Посебен советник за надворешна политика

Блерим Кољали

Посебен советник за национална безбедност

д-р Александар Љ. Спасов

Советник за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања

Елена Пресилска

Посебна советничка за стратешки комуникации во надворешна политика

Катерина Цаневска-Арсовска

Советник за односи со јавност

Елена Ставровска-Севриевска

Советник за односи со јавност

Бисера Спасевска

Советник за економски прашања

м-р Билјана Мицевска-Јосифовска

Шеф на протокол

Билјана Блажеска

Аѓутант на претседателот на Република Северна Македонија

Кристијан Георгиевски

Соработник за дигитални медиуми и продукција

Надворешни соработници

Фикрија Таир

Надворешна соработничка, советничка за прашања од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија

Искра Гешоска

Надворешна соработничка, советничка за прашања од областа на културата