Блерим Кољали

Блерим Кољали

Посебен советник за национална безбедност

е-маил: [email protected]

телефон: +389 2 3253 120

Биографија

Бљерим Кољали се приклучи на Kабинетот на претседателот по скоро дванаесет години работа во Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје каде што работеше како политички советник.

Во текот на својата работа за НАТО беше вклучен во сите безбедносни, одбранбени и дипломатски процеси кои по многу години доведоа до добивање на поканата за членство во НАТО за Република Северна Македонија во јули 2018 година. Соработувал со сите надлежни институции во земјата и со Алијансата, кои беа задолжени за интеграцијата во НАТО, како дел од тимот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје. За својата работа бил награден од генералниот секретар на НАТО.

Пред ангажманот во НАТО, работел во Американската амбасада во Скопје како соработник за политички прашања, во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје и во истражувања и програми за невладини организации.

Кољали дипломирал на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал за меѓународни односи на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта.