Гоце Карајанов

Гоце Карајанов

Посебен советник за надворешна политика

е-маил: [email protected]

телефон: +389 2 3253 114

Биографија

Амбасадорот Гоце Карајанов припаѓа на поновата генерација македонски дипломати од кариера кои високото образование го стекнале на реномирани дипломатски школи во светот. Во 2004 година дипломира на Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО), по што станува дел од македонската дипломатска служба истата година.

Во системот на Министерството за надворешни работи работел во повеќе сектори, покривајќи теми од билатералните односи со европските и воневропските држави, а бил ангажиран и  во аналитичкото истражување и јавната дипломатија.

Бил на служба во Амбасадата на Република Северна Македонија во Прага во периодот 2008 ‒ 2009 година како времен вршител на работите.

Во 2013 година станува четвртиот по ред генерален конзул на Република Северна Македонија во Њујорк во САД, функција која ја извршува до март 2015 година.

Четири години, од април 2015 до 2019 година, бил шестиот амбасадор на Република Северна Македонија во Руската Федерација.

Амбасадорот Карајанов е оженет, течно говори англиски, руски, српски јазик, а се служи и со бугарскиот јазик.