Елена Ставровска-Севриевска
Советник за односи со јавност
е-маил: [email protected]
телефон: +389 2 3253 112
Биографија
Елена Ставровска – Севриевска се приклучи на Кабинетот на претседателот по повеќе од една деценија искуство како телевизиски новинар и неколку години искуство во областа односи со јавност.
Како новинар, проследувала настани во земјата и во странство и известувала за клучни настани од новата историја на земјата.
Како советник за односи со јавност работела во Владата на Република Северна Македонија, каде соработувала со медиумите и работела на зголемување на транспарентноста на јавните и државните институции.
Поминала неколку обуки за транспарентност, односи со јавност на јавните и државните институции, како и обуки за видовите на комуникација преку дигиталните медиуми.
Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан први“, при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек новинарство.