Select Page
Миле Бошњаковски

Миле Бошњаковски

Генерален секретар

е-маил: [email protected]

телефон: +389 70 248 278

Биографија

Миле Бошњаковски има дводецениско искуство во организицски и проектен менаџмент, комуникации, работа со медиуми, а пред да го води кабинетот на претседателот две години беше портпарол на Владата на Република Северна Македонија, одговорен за комуникација со медиумите, менаџирање на кризни ситуации, организација и изведба на над 100-тина прес конференции. Бил одговорен за покривање на комуникацискиот аспект во организација на високи меѓународни посети во земјата како посетата на Папата Франциск, генералниот секретар на НАТО, германската канцеларка, британската премиерка, како и други високи странски претставници.

Пред ангажманот во Владата седум години работел во Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) како специјалист за застапување и комуникации, а работел и на програмски компоненти како демографија и население, младински политики. Бошњаковски е тренер за Родово трансформативни програми, а бил и дел од меѓународната база на комуникатори на ООН кои интервенираат при хуманитарни кризи насекаде низ светот.

Од 2006 до 2010 четири години бил директор на корпоративни комуникации во Т-Мобиле Македонија надлежен за надворешната комуникација, интерната како и корпоративната одговорност на компанијата. Бил дел од тимот што го спроведувал ребрендирањето од Мобимак во Т-Мобиле, редовен член на комуникацискиот директорски тим на Дојче Телеком, а има работено и на глобалната стратегија на компанијата за корпоративна одговорност.

2004-2006 година бил дел од тимот на Македонскиот Институт за Медиуми и тренинг координатор на едногодишната школа за новинари од која произлегува денеска акредитираната високообразовна институција „Висока школа за новинарство и односи со јавност“.

Бошњаковски ја започнал професионалната кариера како новинар, а потоа и како уредник на националната Канал 5 и јавниот сервис. Соработувал и со печатени медиуми и агенции во земјата и странство, а работел како обучувач и консултант за односи со јавност, застапување, медиуми, мониторинг и евалуација.

Дипломирал на Институтот за историја на Филозофскиот Факултет при Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во моментов работи на магистерската тема при постдипломски студии Менаџмент на Стратегиски комуникации, при Институтот за комуникациски студии.

Pin It on Pinterest