проф. д-р Александра Груевски-Дракулевски

член на Комисијата за помилување

   Биографија

 

Проф. д-р Александра Груевски-Дракулевски е редовен професор по криминологија, пенологија и казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје, а постдипломските студии ги завршила на Институтот за криминологија при Универзитетот во Кембриџ, Обединетото Кралство. Докторирала во 2010 година на Правниот факултет во Скопје, на тема „Влијанието на казната затвор врз рецидивизмот“.

Професионалниот ангажман на Груевски-Дракулевски опфаќа интензивна научно-истражувачка и апликативна дејност во областите на криминологијата, виктимологијата, казненото право и човековите права. Активно е вклучена во бројни меѓународни и национални проекти, како и во процесите на подготвување предлог-закони од нејзината сфера на компетенции. Авторка е на универзитетски учебник, монографии, правни анализи и на повеќе од 70 научно-истражувачки труда објавени во домашни и во меѓународни публикации.

Груевски-Дракулевски е претседателка на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија. Таа е активен член и на повеќе организации посветени на заштитата на човековите права и правдата за децата, придонесувајќи со својата експертиза за унапредувањето на правниот систем во државата.