проф. д-р Блерта Ахмеди
член на Комисијата за помилување
Биографија
Проф. д-р Блерта Ахмеди е вонреден професор по криминологија и криминалистика на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Таа е доктор на правни науки од областа на кривичното право и активно се занимава со научно-истражувачка и наставна работа.
Својот професионален ангажман го насочува кон областите на криминологијата, малолетничката правда и современите политики за превенција од криминалот. Во рамките на академската работа, таа учествува во бројни меѓународни проекти посветени на заштитата на правата на децата, превенцијата од насилството и унапредувањето на родовата еднаквост. Покрај академските активности, таа е претседателка на Општинскиот совет за превенција од детско престапништво во Општина Тетово.
Ахмеди е активна и во граѓанскиот сектор како член на организации за унапредување на правата на жените во науката и поддршка на талентирани студенти. Авторка е на универзитетски учебник по малолетничко казнено право, како и на повеќе научни трудови и публикации од областа на кривичното право и криминологијата објавени во земјата и во странство.