м-р Доан Сулејманоски

член на Комисијата за помилување

   Биографија

 

М-р Доан Сулејманоски е правник и магистер по казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Mагистрирал на тема „Судско одмерување на казните во Република Македонија – теоретски осврт, практични проблеми и предлог-реформи“. Има положено правосуден испит и е докторанд на Правниот факултет каде што го истражува казнено-правниот контекст на слободата на изразување и ширењето лажни вести.

Неговата експертиза е насочена кон казненото право, слободата на изразување, говорот на омраза и справувањето со дезинформациите, а во професионално дејствување опфаќа области поврзани со правото, заштитата на човековите права и образованието.

Сулејманоски има повеќегодишно работно искуство во средното образование како директор, но и наставник по стручни правни предмети, со активна посветеност на развојот на правната писменост и демократската култура кај младите. Паралелно е вклучен во бројни проекти и иницијативи во граѓанскиот сектор, посветени на заштита на човековите права, недискриминација и унапредување на општествената инклузија. Автор е на повеќе научни и стручни трудови од областа на казненото право и добитник е на ЕУ-награда за особен придонес во интеграцијата на Ромите во Македонија.