проф. д-р Оливер Бачановиќ
член на Комисијата за помилување
Биографија
Проф. д-р Оливер Бачановиќ дипломирал и магистрирал на Правниот факултет–Скопје, а докторирал на Факултетот за безбедност и се стекнал со звање – доктор на науки од областа на безбедноста.
Кариерата ја започнал во Бирото за претставки и поплаки при тогашниот Извршен совет (Влада) на Република Македонија, по што се вработува на Факултетот за безбедност во Скопје каде што бил избран во сите соработнички и наставно-научни звања: помлад асистент, асистент, доцент, вонреден и редовен професор.
Автор е на бројни научни и стручни трудови и научно-истражувачки студии. На Факултетот за безбедност бил избран за шеф на Катедра, раководител на докторските студии и декан на Факултетот. Бил член на Сенатот на Универзитетот во Скопје и на Сенатот на Универзитетот во Битола, како и член на Меѓууниверзитетската конференција на универзитетите во Република Македонија. Бил член на Комисијата за изработка на првиот македонски Закон за малолетничка правда и на првиот Закон за пробација. Бачановиќ е еден од основачите на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, и е еден од иницијаторите за објавување на списанието „Македонска ревија за казнено право и криминологија“.