#ОтворенКабинет
Дополнително ќе бидете известени за терминот на посета.
Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и Вила Водно се отворени за сите граѓани.
Секој што има желба и интерес, ќе има можност одблизу да ги види Кабинетот, работните простории на Вилата, на вработените во Кабинетот на Претседателот, салите каде што се организираат свечености, настани, прес – конференции, средби, седници на Советот за безбедност, предавање на акредитиви од странски амбасадори и останати официјални активности на претседателот на државата.
Посетителите ќе имаат можност да се информираат за историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот и да присуствуваат на настани од јавен карактер.
Досегашните посетители на Вила Водно се граѓани од различни возрасти и занимања, студенти од земјава и странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.
За посета на објектот Вила Водно секој граѓанин може да се пријави на формуларот во прилог.
* Почитувани, лицата коишто се пријавуваат за учество во проектот „Отворен Кабинет“, подлежат на редовни безбедносни проверки, врз основа на коишто ќе бидат разгледувани нивните барања. Редовните безбедносни проверки се стандардна практика за сите посетители во Вила Водно, со цел да се овозможи безбеден и комфорен престој и непречено одвивање на активностите.
Пријавa
Досегашни посети:
No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.