Select Page

#ОтворенКабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и Вила Водно се отворени за сите граѓани.

Секој што има желба и интерес, ќе има можност одблизу да ги види Кабинетот, работните простории на Вилата, на вработените во Кабинетот на Претседателот, салите каде што се организираат свечености, настани, прес – конференции, средби, седници на Советот за безбедност, предавање на акредитиви од странски амбасадори и останати официјални активности на претседателот на државата.

Посетителите ќе имаат можност да се информираат за историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот и да присуствуваат на настани од јавен карактер.

Досегашните посетители на Вила Водно се граѓани од различни возрасти и занимања, студенти од земјава и странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.

За посета на објектот Вила Водно секој граѓанин може да се пријави на формуларот во прилог.

* Почитувани, лицата коишто се пријавуваат за учество во проектот „Отворен Кабинет“, подлежат на редовни безбедносни проверки, врз основа на коишто ќе бидат разгледувани нивните барања. Редовните безбедносни проверки се стандардна практика за сите посетители во Вила Водно, со цел да се овозможи безбеден и комфорен престој и непречено одвивање на активностите.

Пријавa

11 + 13 =

Досегашни посети:

Посета на ученици од основните училишта „Коле Неделковски“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет

Посета на ученици од основните училишта „Коле Неделковски“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, во рамки на активноста Отворен Кабинет,  денеска го посетија ученици од ООУ „Коле Неделковски“ и од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“, од Скопје. [gallery...

Посета на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет

Посета на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет

Студенти од политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет. Студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ имаа можност да се...

Посета на студенти од Правниот факултет на Универзитет во Тетово во рамки на активноста Отворен Кабинет

Посета на студенти од Правниот факултет на Универзитет во Тетово во рамки на активноста Отворен Кабинет

Студенти од Правниот факултет на Универзитет во Тетово, денеска го посетија Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет. Студентите имаа можност да се...

Посета на граѓани на Вила Водно во рамки на Отворен Кабинет

Посета на граѓани на Вила Водно во рамки на Отворен Кабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, денеска го посетија граѓани во рамки на активноста Отворен Кабинет. Посетителите имаа можност да се сретнат, лично да поразговараат со претседателот Пендаровски и директно од него да се...

Посета на средношколци од организацијата Американски совети за меѓународно образование во рамки на Отворен Кабинет

Посета на средношколци од организацијата Американски совети за меѓународно образование во рамки на Отворен Кабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, денеска го посетија претставници на организацијата Американски совети за меѓународно образование, американски средношколци коишто посетуваат настава во училишта низ нашата држава и македонски...

Посета на ученици од ООУ „Владо Тасевски” од Скопје во рамки на активноста Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „Владо Тасевски” од Скопје во рамки на активноста Отворен Кабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, денеска го посетија ученици од Општинското основно училиште „Владо Тасевски” од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Pin It on Pinterest