Комисија за одликување

Комисијата за одликувања и признанија е постојано работно тело на Претседателот на Република Северна Македонија составено од претседател и членови кои ги именува Претседателот од редот на истакнати поединци и претставници од соодветни државни органи и организации, здруженија на граѓани, научни, стручни и други институции.

Претседател на Комисијата за одлукувања и признанија на Претседателот на Република Северна Македонија е Марјан Ѓуровски, а членови на комисијата се академик Луан Старова, Дарко Панчев, Сабина Ајрула, Билјана Пеева-Ѓуриќ, Весна Ѓиновска Илкова и Мирослав Стојановски.

Комисијата работи врз основа на одредбите на Законот за одликувања и признанија на Република Северна Македонија.

Иницијативите за доделување на одликувања и признанија се доставуваат до Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот на Република Северна Македонија.

Комисијата ги разгледува доставените иницијативи на седница и врз основа на стручна анализа утврдува мислење за основаноста на барањата содржани во иницијативите и му предлага на Претседателот доделување на соодветно одликување или признание.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
Република Северна Македонија

Улица „Ацо Караманов“ 33А, 
Скопје, Република Северна Македонија