Кабинет на претседателот

Кабинетот на претседателот е стручна служба којашто работи за поддршка и за реализација на активностите и приоритетите предвидени во мандатот на претседателот добиен од граѓаните на општи и непосредни избори.

Организацијата на Кабинетот се врши со одлука на претседателот, а Кабинетот го води генерален секретар, којшто го назначува претседателот и е одговорен за целокупното работење на Кабинетот. Генерален секретар на Кабинетот на претседателот, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, е Ѓорги Божинов.

Кабинетот на претседателот го сочинуваат и замениците-генерални секретари и посебни советници именувани од претседателот, кабинетски службеници, државни советници, надворешни соработници, административни службеници, како и лицата коишто се дел од постојаните или времените тела на Кабинетот. 

Во составот на постојаната стручна служба на Кабинетот се државните советници за надворешна политика, како и за уставни прашања, секторите за надворешна политика, внатрешна политика, одбрана и безбедност, односи со јавност, организациски и правни прашања, како и независните одделенија за финансиски прашања и човечки ресурси коишто работат за поддршка на целите и приоритетите.

Извршната асистентка на претседателот е надлежна за водење и уредување на агендата на претседателот во секојдневното работење, прием на пошта, делегации и странки и други организациски активности во поддршка на претседателот.
Доколку сакате да закажете состанок со претседателот, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова или би сакале да упатите барање до претседателот, можете тоа да го остварите преку телефонскиот број +389 2 3253 105 и по електронска пошта [email protected].

Ѓорги Божинов

Генерален секретар

Горан Момироски

Заменик-генерален секретар

Надворешни соработници