#ОтворенКабинет

Дополнително ќе бидете известени за терминот на посета.

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и Вила Водно се отворени за сите граѓани.

Секој што има желба и интерес, ќе има можност одблизу да ги види Кабинетот, работните простории на Вилата, на вработените во Кабинетот на Претседателот, салите каде што се организираат свечености, настани, прес – конференции, средби, седници на Советот за безбедност, предавање на акредитиви од странски амбасадори и останати официјални активности на претседателот на државата.

Посетителите ќе имаат можност да се информираат за историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот и да присуствуваат на настани од јавен карактер.

Досегашните посетители на Вила Водно се граѓани од различни возрасти и занимања, студенти од земјава и странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.

За посета на објектот Вила Водно секој граѓанин може да се пријави на формуларот во прилог.

* Почитувани, лицата коишто се пријавуваат за учество во проектот „Отворен Кабинет“, подлежат на редовни безбедносни проверки, врз основа на коишто ќе бидат разгледувани нивните барања. Редовните безбедносни проверки се стандардна практика за сите посетители во Вила Водно, со цел да се овозможи безбеден и комфорен престој и непречено одвивање на активностите.

Пријавa

10 + 11 =

Досегашни посети:

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од средните училишта: СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС Марија Склодовска Кири и СУГС Лазар Танев коишто учествуваат во Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници, чија...

Ученици од ООУ „Петар Поп Арсов“ и од ООУ „Александар Македонски“ од Скопје во посета на Кабинетот на претседателот

Ученици од ООУ „Петар Поп Арсов“ и од ООУ „Александар Македонски“ од Скопје во посета на Кабинетот на претседателот

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, денеска, во рамки на Отворен Кабинет го посетија ученици од ООУ „Петар Поп Арсов“ и од ООУ „Александар Македонски“ од Скопје. За време на престојот во Кабинетот,...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Петар Здравковски-Пенко“, од ООУ „Кочо Рацин“ и од ООУ „Александар Македонски“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Петар Здравковски-Пенко“, од ООУ „Кочо Рацин“ и од ООУ „Александар Македонски“ од Скопје

Ученици од ООУ „Петар Здравковски-Пенко“, од ООУ „Кочо Рацин“, и од ООУ „Александар Македонски“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Отворен Кабинет за основци од „11 Октомври“, „Александар Урдаревски“, „Михаљ Грамено“ и „Св.Кирил и Методиј” од Скопје

Отворен Кабинет за основци од „11 Октомври“, „Александар Урдаревски“, „Михаљ Грамено“ и „Св.Кирил и Методиј” од Скопје

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „11 Октомври“, ООУ „Александар Урдаревски“, ООУ „Михаљ Грамено“ и ООУ „Св.Кирил и Методиј” од Скопје. [gallery...

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...