Лице в лице со Претседателот

„Лице в лице со Претседателот“ е програма преку која им се овозможува на жителите од различни населени места во Северна Македонија да се сретнат со претседателот, со што претседателот Пендаровски одблизу ќе може да ги слушне проблемите, идеите за надминување на проблемите, како и предизвиците со кои се соочуваат.

Воден од заложбата да биде претседател на сите, тој остварува директни средби со граѓаните коишто на различен начин придонесуваат во нашето општество, односно учители, пожарникари, новинари, граѓански организации, успешни поединци и бизнисмени, хумани лица.

 За проектот „Лице в Лице“ претседателот Пендаровски вели: „Најприродно е, најлогично е, во секоја демократија тоа е така – избраните политички претставници на граѓаните и граѓаните на дневна основа да соработуваат, да се слушаат и да работат за заедничко добро. Главната цел на нас политичарите е да го направиме полесен животот на граѓаните. Затоа мислам дека е добро што ние одиме кај нив и разговараме отворено, а не чекаме тие да ни пишат писмо“.

Изминати посети:

No Results Found

The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.