Успешни млади
Претседателот Стево Пендаровски поддржува креирање на политики кои ќе придонесат да се намали одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри.
Еден од проектите којшто има за цел да придонесе кон вреднување на трудот и знаењето на младите е признанието „Успешни млади“.
Со признанието ќе се поттикне научната, истражувачката и креативна работа на младите, ќе се зголеми нивната мотивација за нови достигнувања и ќе се вреднува нивниот труд.
Признанието се доделува за резултати постигнати во изминатата календарска година, во областа на општествените, хуманистичките, природно – математичките, техничките и медицинските науки, на млади со значајни достигнувања во уметничките и културните практики, како и во категориите млади иноватори, таленти и успешни млади со попреченост.Признанието се доделува на млади лица со постигнати значајни резултати во соодветната категорија, а кои заклучно со претходната календарска година навршиле 35 години, освен во категоријата млади таленти, за која можат да се пријават само ученици од средните училишта.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите.
Изборот на носителите на признанието го прави посебна комисија. Претседател на Комисијата е проф. д-р Анета Цекиќ, професорка на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Членови на комисијата се:
- академик Таки Фити, Македонска академија на науките и уметностите;
- проф. д-р Марија Чундева-Блајер, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје;
- проф. д-р Владимир Мартиновски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филолошки факултет – Скопје;
- вонр. проф. д-р Бобан Мисоски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Правен факултет – Скопје;
- проф. д-р Трајче Стафилов, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Природно-математички факултет – Скопје;
- проф. д-р Иван Додовски, Универзитет Американ Колеџ Скопје;
- проф. д-р Марија Стевановиќ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје;
- проф. д-р Гзиме Старова, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Правен факултет – Скопје;
- проф. д-р Петар Поповски, Универзитет „Албoрг“ – Данска;
- проф. д-р Илија Дуковски, Бостонски универзитет;
- проф. д-р Живорад Томовски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Природно-математички факултет;
- д-р Елена Ставревска, Лондонска школа за економија и политички науки;
- д-р Јане Богоев, Светска банка;
- проф. д-р Андреја Арсовски, ПЗУ „Ре-Медика“;
- доц. д-р Владимир Чадиковски, Клиничка болница „Аџибадем Систина“;
- доц. д-р Тамара Ќупева, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Институт за македонска литература;
- вонр. проф. д-р Ана Чупеска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Правен факултет – Скопје;
- м-р Анита Никова, технички програмски менаџер – DAI, CIDR-програма/ USAID;
- м-р Афердита Хаџијаха Имери, Меѓународна фондација за избори и изборни системи.
Во работата на Комисијата свој придонес имаат и советничките на претседателот:
- Искра Гешоска – советничка од областа на културата;
- Фикрија Таир – советничка за прашања поврзани со ромската заедница;
- Беса Арифи – советничка за правни прашања.
Тековни огласи:
Завршени огласи:
No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.