Согласно член 48 став 4 од Законот за административни службеници(„Службен весник на Република Македонија” бр.27/14,199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), како и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/15 и бр. 35/18), Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР 01/2019
за унапредување на административен службеник во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија
Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник на следното работно место:
- УПР 0101В01000 Советник за билатерални односи, Одделение за билатерални односи и соработка, Сектор за надворешна политика – 1 (еден) извршител
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
правни науки или политички науки
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и работно искуство, и тоа:
- најмалку три години работно искуство во струката
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време:
- работни часови во неделата: 40 часа,
- работно време од понеделник до петок
- влез 07:30-08.30, излез 15:30-16:30 часот
- Паричен износ за основна нето плата 26.253,00денари
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните услови
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна на вршење професија, дејност или должност
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Кабинетот на претседателот на Република Македонија, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следниве услови:
- да е оценет со оценка „А“ или „Б“ при последното оценување,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси, осносно на следната електронска пошта: [email protected]
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
- потврди за успешно реализирани обуки
- потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на веб страната на Претседателот на Република Северна Македонија и веб страната на Агенција за администрација.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
Преземи документи:
Одлука за избор на кандидат по Интерен оглас