Согласно член 48 став 4 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ” бр.27/14,199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19, 14/20, 215/21, 99/22, 208/24 и 210/24), како и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РМ“ бр. 11/15 и 35/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 303/20), Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР 01/2025

за унапредување на административни службеници во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија објавува Интерен оглас за унапредување на 2 (два) административни службеници на следните работни места:

1. УПР 0101Б01000 Државен советник во Кабинетот на претседателот на Републиката за организациони работи – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен,

Општествени науки

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • потврда за положен испит за административно управување,
  • работно искуство, и тоа:
  •          најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор,
  • познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време:

    работни часови во неделата: 40 часа,

    работно време од понеделник до петок

    влез 07:30-08:30, излез 15:30-16:30 часот

    Паричен износ за основна нето плата 54.233,00 денари

2. УПР 0101Б02000 Раководител на сектор во Кабинетот на претседателот на Републиката за општи и заеднички работи – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен,

Општествени науки, право или економија и бизнис

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • потврда за положен испит за административно управување,
  • работно искуство, и тоа:
  •           најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор
  • познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

 

Распоред на работно време:

    работни часови во неделата: 40 часа,

    работно време од понеделник до петок

    влез 07:30-08:30, излез 15:30-16:30 часот

    Паричен износ за основна нето плата 53.229,00 денари

 

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните услови

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна на вршење професија, дејност или должност

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следниве услови:

  • да е оценет со оценка „А“ или „Б“ при последното оценување,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси, осносно на следната електронска пошта: [email protected]

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:

  • потврди за успешно реализирани обуки
  • потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на веб страната на Претседателот на Република Северна Македонија и веб страната на Агенција за администрација.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

 

 

Преземи документи:

Пријава


 

Одлука за избор на кандидат по Интерен оглас